ПОЧЕТНА » ИНФО » НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПАТИШТАТА

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПАТИШТАТА


Додадено на 25-12-2015 во ИНФО

Маглата го отежнува  одвивањето на  сообраќајот на повеќе патишта низ државата. Намалена видливост од 20 до 30 метри има на патот Велес-Штип, до 50 метри кај Велес – Неготино, Неготино – Демир Капија, Скопје – Велес и Велес – Скопје, до 100 на патните правци Тетово – Скопје и Делчево – Македонска Каменица и од 100 до 200 метри на патот Штип – Св. Николе, информира Авто-мото сојузот на Македонија. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на ноќта и рано изутрина се реализираа предвидените полетувања и слетувања со исклучок на летот од и за Истанбул. АМСМ информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. Изутринава  е измерена најниска температура од минус пет степени  во Битола, Скопје – Петровец и Берово, -4 Тетово, -3 Струмица, Д. Капија и Штип, -2 Лазарополе, Маврово, Скопје – Зајчев Рид, -1 Куманово, Прилеп, 0 во Крива Паланка, Виница и Охрид, 1 во Претор, 2 во Гевгелија, 4 во Крушево, 5 во Кавадарци, 6 во Дојран.

ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПАТИШТАТА

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПАТИШТАТА


Додадено на 20-12-2014 во МАКЕДОНИЈА

Поради појава на магла, видливоста на патните правци Велес - Катланово, Велес - Неготино, Велес – Штип – Радовиш – Кочани, Скопје – Гостивар, Прилеп-Крушево и на планинските премини Пресека и Плетвар е намалена до 50 метри.

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози, без забрани, информира Автомото сојуз на Македонија. Оттаму препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација,а  посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците поради можни  одрони.