НАТПРЕВАР ВО СПЕЛУВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЗБОРОВИ „ SPELLING BEE 2015 “
Изминатата недела во ООУ „ Страшо Пинџур “ во Неготино се одржа натпревар во спелување на англиски зборови насловен како „ Spelling Bee 2015 “. На овој натпревар учество земаа ученици од петто до деветто одделение на кои по завршувањето на натпреварот им беа доделени сертификати за учество. Десетмина ученици од ова училиште се квалификуваа за регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Велес на 18 април овој месец. Од петто одделение се пласираа тројца ученици Раде Јовановиќ, Елена Петковска и Викторија Арсова. Од шестто одделение Ивана Костова, Стојан Велковиќ и Благица Петровиќ, од седмо Деа Балкански и Тамара Николова, осмо одделение Кристина Ристова и од деветто Драгана Ѓорѓиева.
Инкау, натпреварот „Spelling Bee“ веќе неколку години се спроведува во соработка со Американскиот мировен корпус во Македонија. Учениците имаат за задача точно да спелуваат 10 англиски зборови. Целта на натпреварот е да се збогати речникот на учениците и да се поттикне користење правилен правопис и изговор. Покрај тоа, на часовите за подготовка и на самите натпревари (општински, регионални и државен) учениците имаат можност да ја развијат својата самодоверба и да ги покажат своите знаења во атмосфера на пријателска конкуренција.