НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ДВЕТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
Во саботата во просториите на двете основни училишта во Неготино, Гоце Делчев и Страшо Пинџур, се одржа првиот дел од натпреварот по англиски јазик насловен како Хипо. На овој натпревар учество земаа ученици од петто до деветто одделение и со тоа станаа потенцијални натпреварувачи на вториот дел од меѓународниот натпревар кој ќе се одржи во Лидо де је соло, Италија на 9-10 мај. Сите ученици кои земаа учество на натпреварот се здобија со соодветни сертификати.
Инаку, Хипо е меѓународно натпреварување за англиски јазик кој навлегува во својата трета година, а кое опстојува благодарение на волонтерската работа, како од самите организатори така и од огромниот број на професори од училиштата без чија помош овој натпревар не би се одвивал. Ова натпреварување веќе три години се спроведува со стотина училишта и голем број професори од 8 земји, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора и Бугарија кои со својата несебична работа овозможуваат да ова европско единствено натпреварување напредува од година во година, преку кој учениците се запознаваат со концептот на полагања на меѓународно признатите испити од англиски јазик.