НАЈДОЦНА ДО ЈУНИ ЖЕ ЗАПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА ДВЕТЕ ГАСОВОДНИ МРЕЖИ
Во месец мај или најдоцна во јуни се очекува да почне изградбата на гасоводната мрежа од Штип до Неготино и од Скопје до Тетово однснодвете гасоводни мрежи кои ќе бидат во должина од 110 километри , а за нив ќе бидат инвестирани 46 милиони евра.
Тендерот за гасоводната мрежа од Штип до Неготиное веќе завршен и во тек е процесот на евалуација на понудите, а понуди доставиле седум компании од кои четири имале потполна документација. Додека тендерот од Скопје до Тетово се уште е во тек и треба да заврши на 10 март.
Надлежните сметаат дека работите добро ќе се одвиваат затоа што биле поставени на вистински основи, а ова е т.н. втора фаза. Следува натамошна фаза со која ќе се продолжи од Тетово до Гостивар и Кичево и од Неготино до Прилеп, Битола, Охрид, а притоа се планира кон сите поголеми градови да се продолжи изградбата на гасоводната мрежа. Надлежните истакнуваат дека при крај е и изградбата на гасоводната мрежа од Клечовце до Штип која се очекува да заврши најдоцна до јуни.