ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » НЕГОТИНО ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

НЕГОТИНО ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК


Додадено на 23-02-2016 во НЕГОТИНО

Општина Неготино го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот, македонскиот јазик.

Имено, во фоајето на Националната установа „ Центар за култура Ацо Ѓорчев “ во Неготино во организација на Центарот за култура и ООУ „ Гоце Делчев “ со почеток од 18 часот се одржа настан на кои се читаа литературни творби од познатите писатели Ванчо Николески, Константин Миладинов и цитати од Крсте Петков Мисирков и Блаже Конески изведени од ученици од ООУ „ Гоце Делчев “ од Неготино, а под менторство на наставничката Весна Ристова.

Исто така присутните имаа можност да го проследат и најдобриот есеј од конкурсот на локалната библиотека  на авторот Павлинка Ристова, ученичка во 4 година во СОУ „ Св. кирил и Методиј “ Неготино, а настанот беше збогатен и со изведби на класична музика од учениците од ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино. За сите учесници, неготинскиот центар за култура им додели подароци.

 

Инаку, меѓународен ден на мајчиниот јазик е ден на кој се одбележува мајчиниот јазик во земјите. Прогласен е на 30 седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година. Во 2000 г, овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност. Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.