НЕГОТИНО Е ОПШТИНА СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ВИНАРИИ
Во рамки на одбележувањето на празникот Свети Трифун, градоначалникот на општина неготино Ванчо Апостолов во своето излагање истакна бројни проекти реазлизирани но и оние кои ќе се реализираат во наредниот период, а се од огромно значење за земјоделците кои живеат во општинатата. Тој го истакна фактот дека Неготино е општина со најголем број на винарии по глава на жител во Република Македонија и како локална самоуправа во соработка со Владата на РМ и Министерството за земјоделие ќе продолжат со активности да го зачуваат приматот на респектабилен лозаро-винарски регион.
Во атарите на Курија и Цр. Брегови оформени се и упонудени на продажба 17 градежни парцели за изградба на нови винарии од кои досега се продадени 6 парцели, а бидејќи постои интерес, постои оптимизам дека и останатите парцели ќе се продадат. Градоначалникот додаде дека тоа придонесува за зголемена конкуренција при откупот на родот, лозарите имаат поголем избор каде да го предадат произведеното грозје, а сето заедно резултира со релаксирана атмосвера за време на откупот и бербата на винските сорти грозје во последните неколку години.
Градоначалникот Апостолов истакна дека за подобар род и подобар транспорт до откупните пунктови е значајна добрата инсфраструктура, а токму тоа се и целите на општината за подобрување на патната инфраструктура од земјоделските насади до откупните пунктови.