НЕГОТИНО ОФЛАЈН ФЕСТ
Изминатата недела во општина Неготино, за прв пат се оддржа „Ден без социјални мрежи" или Negotino Offline Fest. Манифестацијата започна со почеток од 16 часот на спортската сала „Младост" каде се одиграа турнири во 3 разни спортови каде учество земаа екипи од Неготино, Кавадарци и Росоман.
На турнирот во кошарка под 18 години беа пријавени 6 екипи во која како најуспешни се покажаа женската екипа од Кавадарци насловена како „Viva", додека над 18 години најдобро се покажа тимот „Мечки". На турнирот во фудбал беа пријавени 6 екипи каде првото место го освои тимот на „Цвај Арена" од Неготино. На турнирот во тенис беа пријавени 16 учесници од машка категорија и 4 од женска категорија. Во машка категорија победи тенисерот Ќире Лазов, додека во женска најдобра беше Јована Ангелковска од Неготино.
„ Турнирите поминаа во најдобар ред, спортувајќи започнавме една поинаква, подобра дружба надвор од социјалните мрежи и интернот. Сакаме да искажеме голема благодарност до спонзорите, а еден од нив беше и Синалко кој успеа да издвои од своите производи за освежување на младите луѓе. По завршувањето на спортскиот дел, за дружењето да не запре, се префрливме на градскиот плоштад каде музичката програма започна од 21 часот. Настапија неготинските ди-џеи: Andon, Alex,Davchev и популарниот штипјанец Nennat Omen. Целата младина имаше една добра прилика за промена на секојдневниот ритам на живот и забава во реалниот свет “ – вели организаторот Димитар Аврамов.
Аврамов изразува голема благодарност на општина Неготино за овозможувањето неговата идеја на стане реалност. Тој исто така им се заблагодарува на сите присутни и се надева дека фестивалот ќе прерасне во традиција.