НЕГОТИНО ОФЛАЈН ФЕСТИВАЛ
Речиси се е подготвено за првиот хепенинг на отворено кој на 12 јуни во недела ќе се случува во Неготино. Настан во кој младата популација од општина Неготино но и пошироко од регионот ќе има можност на едно место да ужива во целодневната добро подготвена програма.
„ По даденото зелено светло од општина Неготино и градоначалникот Ванчо Апостолов и силно поддржување на мојата долгогодишна идеја на повидок е еден голем спектакл насловен „ Ден без социјални мрежи “ . Сè помасовната преокупација на младите луѓе со социјалните мрежи и сè помалата дружба во реалниот свет, ме натера да пробам да издвојам еден ден заеднички за сите нас. Ден во кој целосно ќе се дружиме надвор од виртуелениот свет и ќе потсетиме на старите добри денови. Денови во кои не постоеше интернет, кога безгрижно се дружевме, кога денот го започнувавме и завршувавме заедно. И да, можеби тие стари добри денови и сепак не се зад нас! Ајде да докажеме дека Неготино знае, може и умее да се забавува. Ги покануваме сите граѓани на ниво на Р. Македонија на едно исто место да создадеме една голема хармонија и љубов во реалниот свет “ - вели организаторот Димитар Аврамов.
Според агендата активностите ќе започнат во недела на 12-ти јуни со почеток од 16 часот со одржување на спортскиот дел, натпревари во фудбал, кошарка и тенис, а од 21 часот ќе започне забавно-музичката програма со настап на DJ-ите: Alex, Andon и Nennat Omen кои ќе се погрижат за добро расположение на присутната публика. Организаторите очекуваат голем број гмлади и граѓани бидејќи еден ваков настан за прв пат се одржува на подрачјето на општина Неготино.