ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » НЕГОТИНО СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД

НЕГОТИНО СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД


Додадено на 06-06-2016 во НЕГОТИНО

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден за животна средина, како во останатите општинаво државата, така и во општина Неготино се спроведен пролетната акција „ Македонија без отпад “. Голем број граѓани, активисти на ВМРО ДПМНЕ, спортисти, екологисти се вклучија во оваа акција за чистење на животната средина.

„ Како и во другите општина, така и во општина Неготино се спроведе по 5 пат акцијата „ Македонија без отпад “. Денеска заеднички чистевме на повеќе локации и тоа, приклучниот пат за влез во Неготино од старата бензинска пумпа, двете улици долж булеварот Маршал Тито и просторот околу Спортско рекреативниот центар Младост “ – вели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.

Заедни во акцијата се вклучија и заменик министерот за животна средина Стево Темелковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, директорката на ЈП „Комуналец“ Наташа Лазова, извидници од озвидничкото друштво „ Јадран “ од Скопје и многу други. Самата акција беше реализирана со неколку  цели-да се искористат овие пролетни денови за остранување на мали и диви депонии од отпад и да се едуцираат граѓаните за подигнување на свеста за штетите од неконтролираното исфрлање отпад.

„ АМС активно се вклучи со свои активисти, познати спортисти на сите локации во општина Неготино. Со оваа акција упатуваме апел, сите граѓани со своето поведение да претставуваат пример за здрава и еколошки заштитена животна средина “ – истакна Спасевски.

За заменик министерот за животна средина Стево Темелковски, ваквите акции се од едукативен аспект и испраќаат порака за регулирано фрлање на отпадот и подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на животна средина.