НЕГОТИНО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СВЕТИ ТРИФУН
Општина Неготино полека се подготвува за одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „ Свети Трифун “ и манифестацијата „ Недела на виното “.
Според предлог-програмата, манифестацијата ќе се одржува од 12 до 15 февруари, а се очекува посетеноста да биде голема како и минатите години.Инаку, годинава празникот се паѓа во неработен ден, сабота, па очекувањата на организаторите се дека присутноста на настанот ќе биде масовна и тоа како од граѓани на нашата општина, така и од гости од други општини од Македонија.