Неготино ќе го стимулира наталитетот во општината
За секое новородено дете семејството ќе добие 7.000 денари. Со оваа еднократна парична помош ќе се поттикнува наталитетот во Неготино – најави на денешната прес – конференција градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов.
Со оваа одлука, од општинскиот буџет се очекува да се слеат 20.000 евра годишно, имајќи предвид дека на годишно ниво во Неготино се раѓаат околу 250 деца.
Предлогот на градоначалникот на Неготино, Апостолов, е разгледуван како прва точка на дневен ред на шестата редовна седница на општината. Тој нагласува дека очекува советниците да го изгласаат овој предлог за да може да се стимулира раст на наталитетот.
Апостолов, исто така апелира и до градоначалниците на другите општини да донесат ваква или слична одлука која, како што вели, може само позитивно да влијае.