ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Неготинскиот суд го одбележа 25 октомври

Неготинскиот суд го одбележа 25 октомври


Додадено на 02-11-2012 во МАКЕДОНИЈА

Основен суд Неготино по трет пат ги отвори вратите за одбележување на Европскиот ден на граѓанската правда.Уште од рано утрово граѓани на Неготино имаа можност да се запознаат поблиску со работата на судот а можеа и да се информираат какви се можностите за остварување на нивните права. На сите заинтересирани им беше овозможено да ги разгледаат просториите на судот,да поразговараат со судиите и вработените овде.Целта на одбележување на еден ваков ден е да се обезбеди широк пристап до правдата за граѓаните и пошироката јавност.

Тежнеењето за одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда е на граѓаните да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области како што се на пример семејно право, право на сопственост, наследство, договорно право, авторско право и друго.Инаку просториите на Неготинскиот суд денес организирано ги посетија и група ученици  од ДСУ „Св.Кирил и Методиј“ од Неготино .Тие имаа Учениците можност поблиску да се запознаат со надлежноста на судот, на кој начин граѓаните ги остваруваат своите права преку судот, што преставува една судска постапка и многу други прашања од областа на правото, а поврзани со работењето на судот.

Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа, кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави.