ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Неготинското село Д. Дисан ќе добие партерно уредување

Неготинското село Д. Дисан ќе добие партерно уредување


Додадено на 16-01-2014 во НЕГОТИНО

Со програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и со соработката на општина Неготино со градежната фирма Урбан Инвест, неготинското село Д. Дисан ќе добие поубав и поуреден изглед.

 

Градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, зборуваше повеќе за мерките кои ги презема општина Неготино за реализирање на овој проект.

 

Техничкиот директор на Урбан Инвест, Симон Ѓорѓиев, вели дека нивната фирма е задолжена за сите градежни работи кои ќе се остварат во централното подрачје на селото.

 

Од општината дополнуваат и дека со проектот ќе се оплемени и уреди центарот на Д. Дисан, при што просторот ќе се искористи како повеќенаменско подрачје кое ќе овозможи мултинаменска функција со хортикултурно уредување, поставување урбана опрема, скали, клупи за седење, жардинерии и друго, односно се’ она што ќе придонесе за доловување на урбанизиран ефект на самиот простор.

 

Вкупниот буџет на проектот изнесува 7.660.000 денари од кои 6.492.000 се средства обезбедени од АФПЗРР,  а останатите 1.168.000 денари за ДДВ ги обезбедува општина Неготино од сопствениот буџет.