Недев четврти на Светскиот шампионат во традиционално карате
Македонскиот каратист Дејан Недев го освои 4.место на 16. Официјален ИТКФ Светски шампионат што се одржува во Лоѓ, Полска.
Во првото коло Недев го совлада преставникот од Кипар со 6:0, во второто коло беше подобар од преставникот на Русија исто така со 6:0, а во третото коло го совлада преставникот од Аргентина со 4:0.
Во четвртото коло во борба за бронзен медал се сретна со повеќекратниот европски и светски шампион Мусат Цорнел од Романија. Во регуларниот дел борбата заврши нерешено, а во продолжението Дејан Недев во кумите-борби беше грубо оштетен од главниот судија кој не му додели чист поен. Судијата одлучи да му додели поен на противникот од Романија кој подоцна стана и светски шампион.
Во фукуго исто така загуби од полскиот натпреварувач Рафаел Вајда кој подоцна стана светски шампион во оваа дисциплина. Предходно Недев имаше три победи во оваа дисциплина и тоа над преставниците на Туркменистан, Велика Британија и Чешка.
Македонија имаше претставници и на вториот ИТКФ европски куп за деца кој се одржа викендов во Лоѓ, Полска.
Кај децата на Европскиот куп за деца со медал се закитија: Антонија Белазелковска 3.место во кати, Мила Саздова 3.место во кати, Огнен Тасевски и Ана Крстевска 3 место во енбу.
Борбите во младинска, јуниорска и кадетска конкуренција се во тек.