ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » НИКОЛА ВЕСКОВ ОД КРИВОЛАК Е НАЈСРЕЌНИОТ ОД НЕГОТИНО КОЈ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДИТЕ НА РЕКАТА ВАРДАР

НИКОЛА ВЕСКОВ ОД КРИВОЛАК Е НАЈСРЕЌНИОТ ОД НЕГОТИНО КОЈ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДИТЕ НА РЕКАТА ВАРДАР


Додадено на 19-01-2016 во НЕГОТИНО

Православните христијани од општина Неготино денеска го прославија христијанскиот празник Богојавление Водици. Празнувањата започнаа со одржување на утринска богослужба со литургија во Манастирот Свети Ѓорѓи, а традиционалното фрлање на светиот крст се одвиваше на Пепелишкиот мост која беше посетен  од голем број граѓани од општина Неготино. 

 

14 верници од општина Неготино, влегоа во ладните води на реката Вардар за здравје и среќа да го фатат светиот крст , но најбрз и најсреќен од нив беше 27 годишниот Никола Весков од село Криволак кој по 2 пат го извади светиот крст од водите на реката Вардар. Ова е негово 9 учество, а како што вели по 2 пат е најсреќен.

„ Пресреќен што годинава бев најбрз и успеав да го фатам светиот крст. Ова е мое 11 учество, а досега го имам фатено крстот два пати. Оваа година и 2011 година “- истакна Никола Весков.

 

Како и секоја година така и оваа, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов од име на општината на најсреќниот кој стигна до светиот крст му врачи пригоден подарок, лцд телевизор, а подарок светото писмо доби и од свештените лица од црквата Свети Атанасиј- Неготино.