НОВА ЦЕНА НА НАФТАТА, БЕНЗИНОТ ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТ
Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика цената на бензините од полноќ останува непроменета, а дизелот ќе се продава поевтино за 2 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 62,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 64,50 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот сега ќе изнесува 46,50 ден/литар. За 2 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство кое сега ќе се продава по цена од 35,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,514 ден/кг, во однос на претходно утврдената и согласно одлуката на РКЕ новата цена ќе изнесува 17,743 ден/кг. Намалувањето на цената на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта во изминатиот 14 дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.