Новак во финалето во Дубаи
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот кој се игра во Дубаи. Тој со 2:0 во сетови го совлада Хуан Мартин Дел Потро.
Во првиот сет, на Новак му беше доволен само еден брејк кој го направи при резултат 3:2. Потоа, српскиот тенисер првиот сет сигурно го приврши кон крај со резултат 6:3 за 37 минути игра.
Вториот сет траеше повеќе време и донесе поголеми возвудувања. Прво Аргентинецот со брејк дојде до резултат од 3:0, па Ѓоковиќ направи серија од освоени пет гем и дојде до 5:3. Меѓутоа, тоа не беше крај на возвудувањата, три гема во низа освои и Дел Потро кој дојде до 6?5, спасувајќи една меч топка.
Во наредниот хем, Новак успеа да се избори за тај-брејк а таму, славеше со 7:5, па со вкупни 7:6 во вториот сет забележа пласман во финалето.