ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » НОВИ ПЕТ ЗЕМЈОТРЕСИ УТРОВО ЈА СТРЕСОА МАКЕДОНИЈА
НОВИ ПЕТ ЗЕМЈОТРЕСИ УТРОВО ЈА СТРЕСОА МАКЕДОНИЈА
Додадено на 03-04-2015 во МАКЕДОНИЈА
Три посилни и уште најмалку два помали потреси утрово ги вознемирија жителите од дебарскиот регион. Првиот земјотрес беше почувствуван во 3:57, вториот во 4:14, а третиот во 6:55 часот.
Според албанските медиуми, епицентарот на еден од земјотресите (со јачина од 3,2 рихтерови степени) бил осум километри од рударското албанско гратче Булќиза кое се наоѓа на десеттна километри од Дебар, додека другиот со јачина од 3,8 степени бил 52 километра југоисточно од Тирана.