НОВИ ТЕНИСКИ ИГРАЛИШТА ВО НЕГОТИНО
Во рамки на проектите кои се дел од Програмата за работа на Владата на Република Македонија и Програмата за работа на општина Неготино, а врз основа на остварените контакти на градоначалникот Ванчо Апостолов и директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Марјан Спасески потврдено е дека во текот на 2015 година ќе бидат изградени нови тениски игралишта. Тениските игралишта предвидено е да се изградат во населбата Саат-Кула во Неготино во близина на Мултинаменското игралиште и комплетно реконструираниот и обновен со нови реквизити забавен детски парк. Со имплементација на овој проект, граѓаните од населбата саат кула а воеднон и сите граѓани од целата општина ќе добијат уште едн спортско-рекреативен комплекс како ќе можат да спортуваат, одмараат и релаксираат и да поминат дел од своето слободно време.
Инаку, граѓаните на Неготино добија на располагање и ново современо и модерно мултинаменско игралиште кое на пригодна свеченост беше пуштено во употреба пред неколку месеци од страна на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, градоначалникот Ванчо Апостолов и претседателот на Советот на општина неготино Јордан паунов. Во склоп на ова игралиште делуваат терени за фудбал, кошарка и ракомет, а изградено е со средства во висина од 7 милиони денари кои се обезбедени преку Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Поставена е и заштитна ограда, ги има сите реквизити за одигрување натпревари и рекреирање, а со цел за користење на терените и во ноќните часови, поставени се и 4 рефлектори. Со изградбата и на овие тениски терени, градоначалникот Апостолов покажува дека се грижи за младите но и за сите љубители на спортот од Неготино кои сакаат да спортуваат и да се рекреираат на овој мини спортско-рекреативен центар.