ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » НОВИ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

НОВИ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ


Додадено на 08-02-2016 во МАКЕДОНИЈА

Малопродажната цена на бензините се зголемува за половина денар, додека цената на дизелот се зголемува за два денари, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на еуросуперот БС-95 изнесува 58 денари за еден литар, а литар еуросупер БС-98 ќе се продава по 60 денари. Новата цена на еуродизелот од ноќеска на полноќ ќе изнесува 41 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 29,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,389 денари, со што цената на М-1 НС изнесува 15,246 денари за еден килограм.