ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО МЕНТАЛЕН ХЕНДИКЕП ПОРАКА ОД НЕГОТИНО
НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО МЕНТАЛЕН ХЕНДИКЕП ПОРАКА ОД НЕГОТИНО
Додадено на 29-12-2015 во НЕГОТИНО
И годинава градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во пресрет на одбележувањето на Новогодишните и Божиќните празници на штитениците на дневниот центар за лица со ментален хендикеп „ Порака “ од Неготино ги посети и им додели новогодишни пакетчиња.
Градоначалникот Апостолов ја истакна и одличната соработка со дневниот центар која ја имаат години наназад, а и оваа прилика штитениците на дневниот центар во знак на благодарност изведоа пригодна програма исполнета со многу песни и игра.