ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ
Времето денеска ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Во ридско-планинските предели и на планините над 900 метри со врнежи од снег, а во вечерните часови границата ќе се спушти на 700 метри. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 0°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 3°C до 11°C. Денеска е вторник, 9 декември, 343-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 22 дена. Денот трае девет часа и 14 минути. Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 48 минути, а заоѓа во 16 часот и две минути. Месечината изгрева во 19 часот и 5 минути и заоѓа во осум часот и 48 минути.