ПОЧЕТНА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА » ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ

ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ


Додадено на 24-02-2015 во ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Дневните температури ќе се движат од 4 до 14 Целзиусови степени.Во Скопје и околината слично време со температура до 12 степени.

ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ

ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ


Додадено на 02-02-2015 во МАКЕДОНИЈА

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи претежно од снег со послаб интензитет, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од минус два до седум степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до пет степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер, а од среда повремено засилен ветер од јужен правец.

 

ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ

ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ


Додадено на 19-12-2014 во МАКЕДОНИЈА

И денеска времето ќе биде без поголеми промени во однос на вчерашните временски прилики, со мал пораст на дневните температури и повеќе сончеви периоди.

Утрово во Скопје беа измерени 3 Целзисуови степени, во Тетово 2, Маврово -1, Струмица 0, Берово 2, Кавадарци 2, Битола 3, Гевгелија 8, Охрид 2, Дојран 5, Крушево 1... Денеска многу повеќе сонце и повисоки температури ќе имаме на повисоките места. Во Скопје дневната темпаратура ќе биде 7 Целзиусови степени, во Маврово 8, Куманово 7, Виница и Штип 9, Гостивар 5, Берово и Струмица 10, Радовиш и Кавадарци 9, Гевгелија 13, Крушево 7, Охрид и Дебар 10, Битола 5, Прилеп 7...

Утре времето ќе биде потопло со многу повеќе сонце и дневни температури и до 15 степени, а во недела не очекува пад на температурите и ветровито време.