ОБУКИ ЗА ПЧЕЛАРСТВО ВО НЕГОТИНО
Општина Неготино објави јавен повик за сите кои се заинтерсирани да учествуваат во обуки за пчелaрство (училиште за пчелари) што ќе се имплементира во рамките на проектот „ Поддршка и развој на економијата на пчелните производи во прекуграничната област „ Bee-conomy” што е ко-финансиран преку ИПА –ЦБЦ програмата Грција-Македонија.
Обуките ќе се спроведуваат во два циклуси. Првиот циклус на обуки е наменет за 25 учесници од постојните пчелари во општина Неготино .Обуките за постојните пчелари ќе опфатат постапки за максимизирање на производството на мед, производство на други методи и користење на другите пчелни продукти за зголемување на вредноста на медот. Обуките ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месеците јули и август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска.
Вториот циклус на обуки пак е наменет за 25 учесници кои се заинтересирани да започнат со одгледување на пчели и производство на пчелни продукти. Обуките за новите пчелари ќе опфатат почетно запознавање со основните елементи во процесот на одгледување на пчелите, запознавање со неопходната опрема за пчеларство и неопходните постапки за одгледување на пчели. И овие обуки ќе се реализираат во времетраење од 70 часови, во месеците јули и август 2016 година и ќе се спроведуваат преку теоретска и практична настава спроведена од проф. д-р. Хрисула Кипријановска.