ОБЈАВЕН РЕДОСЛЕДОТ НА НАСТАПИ ЗА ЕВРОВИЗИЈА 2016
Шведската национална телевизија денеска го објави конечниот редослед на настапи за двете полуфинални вечери на претстојното, 61-во по ред издание на „Евросонг 2016“. Нашата претставничка Калиопи ќе настапи осма по ред во рамките на втората полуфинална вечер, на 12 мај . Заедно со нас, истата вечер ќе настапат и претставниците на некои земји од нашиот регион како Србија (6), Словенија (11), Бугарија (13) и Албанија (18).
Бидејќи на годинешнава „Евровизија“ учествуваат непарен број на земји и нивните претставници (43), во првата полуфинална вечер на 10 мај ќе настапат 18 земји, а на втората, на 12-ти мај, 19 држави.