ОБЈАВЕН ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ВО НЕГОТИНО
Изминатата недела општина Неготино објави јавен оглас за продажба на градежно земјиште односно оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за намена на индивидуално домување и една парцела за хотелско сместување.
Во делот на хотелската индустрија на продажба се нуди една градежна парцела со површина од 2.505 м2 со почетна цена на наддавање од 61 денар за квадрат, додека за изградба на објекти за индивидуално домување се продаваат 4 градежни парцели со површина од 170 до 368 метри квадратни со почетна цена од 373 денари за квадрат. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се доставуваат до 21 март, а јавното електронско наддавање ќе се одржи на 25 март во 10,00 и 11,00 часот и истото ќе трае по 15 минути за сите градежни працели понудени на продажба.
Градоначалникот Апостолов истакна дека периодов се продадени 6 градежни парцели за изградба на мини винарии во Неготино за кои се надева дека во следниот период земјоделците својот род ќе може да го однесат во некои од овие нови мини винарии.