ОГРОМЕН ИНТЕРЕСОТ ВО НЕГОТИНО ЗА МЕРКИТЕ 121 И 112 ОД ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И РУРАЛЕН РАЗВОЈ
Зголемена фреквенција на земјоделци во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Неготино со цел добивање на подетални информации и аплицирање по мерките 121 и 112 од Програмата за финансиска подршка и рурален развој.
Според изјавата на раководителот на агенцијата Ѓоко Ајтов во овој период регистриран е огромен интерес од страна на млади земјоделци за искористување на можност за добивање на неповратни средства во висина од 600 000 денари . Досега се поднесени вкупно 80 електронски барања за набавка на трактори и приклучна механизација на млади земјоделци од 18 до 40 години кои иднината во обезбедување на своја егзистенција ја гледаа во земјоделието. 10 % од реализираните барања се однесуваат на областа на пчеларството вели Ајтов, а набавка на се што е потребно за пчеларење па слободно може да се каже дека пчеларството во Неготино не е само професија на пензионери и повозрасни граѓани туку напротив се повеќе млади лица се интересираат за унапредување на своето земјоделско стопанство со набавка на опрема за пчеларство и пчелни матици. Освен овие млади земјоделци од мерката 121 од Програмата за финансиска подршка и рурален развој поднесени се уште7 електронски барања вели Ајтов кои исклучиво се за набавка на опрема за пчеларење и пчелни матици за земјоделци до 40 години каде 50 отсто од нивната инвестиција ќе му биде субвенционирана. По завршувањето на мерката 121 за житни и индустриски култури од Општина Неготино поднесени се седум апликации за набавка на механизации .