ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ОД ВЕЧЕР ОБОЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

ОД ВЕЧЕР ОБОЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА


Додадено на 30-01-2015 во МАКЕДОНИЈА

Пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи се очекуваат денес во Македонија. Нестабилното време е последица од влијанието на циклонска активност и серијата влажни бранови што ќе ја зафатат земјата.

 Поинтензивен бран на врнежи, како што информираат од УХМР, се очекува ноќта во петокот кон саботата и поизразен ќе биде во западните и јужните делови, каде се очекува да наврнат над 40 л/м2 дожд. На планините над околу 1000 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег, а кон утринските часови во сабота оваа висинска граница ќе се спушта. Снежната покривка, пак,  значително ќе се зголеми на повисоките места. Во саботата преку денот ќе има извесен прекин на врнежите, а нов поинтензивен влажен бран се очекува во ноќните часови кон недела и во недела претпладне, кога на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и локално ќе наврнат нови 30 л/м2 дожд. Во петок и сабота ќе дува засилен до силен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час. Врнежите ќе прдолжат и во понеделник но со доста послаб интензитет