ОД ДЕНЕС СО НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од денес па во наредните две недели горивата ќе се продаваат со цена пониска за 3,5 денари во однос на претходната. Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 57,5 денар за литар, а на Еуросупер БС-98 59,5 денари за литар. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 39 денари. Екстра лесното масло за домаќинство е поевтино за 4 денари и чини 27,5 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС е намалена за 2,467 денари за килограм и изнесува 12,857 денари. Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените дривати од РКЕ го посочуваат за 19,51 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,143 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.