ОД ОВАА ЗЕМЈОДЕЛСКА РЕКОЛТА ВАЖИ ОДЛУКАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ САДАТ САМО ПРЕПОРАЧАНИ СОРТИ ГРОЗЈЕ ДОДЕКА НОВИ ЌЕ СЕ САДАТ САМО СО ОДОБРЕНИЕ ОД РЕСОРНИОТ МИНИСТЕР.
За Тиквешијата како најголем лозарски регион во Македонија одлуката дека ниту една прачка винова лоза од нова сорта не смее да биде насадена ако за тоа лозарот не добие одобрување од ресорниот министер воопшто не е застрашувачка - велат искусните лозари .Во Тиквешијата и во Македонија застапени се повеќе од 20 сорти грозје, а од страна на Министерството за земјоделство се препорачани дури 72 сорти , односно сите познати сорти на грозје кои се одгледуваат во Европа и на Балканот и познати лозарски региони во светот, па така оваа одлука не значи било какво ограничување на лозарите во изборот на сортите грозје која можат да ги посадат.
Според зборовите на директорот на АД „Тиквеш- Гоце Делчев“ во репро центарот за лозов посадочен материјал годинава се произведени вкупно 130 000 калеми од вкупно триесетина сорти и тоа 11 трепезни и останатите вински сорти . Проблемот е во тоа , вели Милев што многу е намален интересот за подигање на лозови насади. Досега од овој репро центар продадени се само 26 000 лозови калеми . Со оглед на фактот што лозови калеми нема во Србија, а од Грција се набавени незначителни колични на калеми за подигање на 10 до 15 хектари нови лозја состојбата е речиси алармантна затоа што на ниво на држава треба да се подигаат околу 1000 хектари за да имаме проста репродукција односно одржување на постоечките околу 25 000 хектари лозја. Моменталната состојба во државата е секоја година во просек да се подигаат околу 250 до 300 хектари нов лозов насад. Иако лозарството е најсубвенционирана гранка замрен е интересот да се подигаат нови насади. Тие како застапник на италијанската компанија „ Раушедо“ не знаат што ќе прават со годинашново производство на лозови калеми . Како најголем производител на винско и трпезно грозје во Македонија АД „ Гоце Делчев“ воедно и производител на посадочен материјал за своите калеми во нови насади нема право на користење на субвенции . Од друга страна 2014 година беше една од полошите за лозарството па тешко може да се инвестира во зголемување на површините додава Ристо Милев