Одбележан денот за борба против трговијата со луѓе
И годинава во Кавадарци одбележан денот за борба против трговијата со луѓе. Инспекторите за превенција од Полициска станица Кавадарци ги започнаа предавањата низ основните училишта. Целна група им се седмо и осмоодделенците, а темата е трговијата со деца како најбрзо растечка форма на меѓународниот криминал.
Со основците од ООУ „Тошо Велков Пепето“ на оваа тема дискутираше инспекторот за превенција Благица Кицева која во изјава за КТВ телевизија одговара на повеќе прашања поврзани со денешното предавање.
Годишно во светот 2,4 милиони луѓе се жртви на трговијата, од нив 1,2 милиони се деца. „Жртва може да биде било кој затоа младино биди внимателна, отвори ги очите“, порачува Полицијата.
M.M.