ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Одржан е состанок на Здружението на рибопроизводители

Одржан е состанок на Здружението на рибопроизводители


Додадено на 19-11-2013 во МАКЕДОНИЈА

 

Рибопроизводители од цела Македонија денеска се собраа на редовен состанок во Неготино за да дискутираат за проблемите со коишто се соочуваат секојдневно.

 

Главниот проблем со којшто се соочуваат годинава, како што истакна претседателката на Здружението на рибопроизводители на Република Македонија, Елеонора Настова Димова, е ограничувањето во бројот на кафези кои можат да ги поседуваат.

 

Рибопроизводителите велат дека проблемите им се тука некаде слични, но дека ваквите состаноци им се неопходни за да изнајдат решение за она што ги мачи.

 

Здружението на рибопроизводители редовно одржува состаноци со цел да се разгледаат одблизу проблемите на оние коишто се директно засегнати од нив.

 

Е.Д.