Околината на Неготино пошумена со 200.000 дрвја
Неготинци и демиркапијци вчера посадија 200.000 нови садници на местото Големо Брдо во близина на неготинското село Прждево, по повод традиционалниот Ден на дрвото.
Во акцијата учествуваа учениците од основните и средното училиште и граѓаните на Неготино и Демир Капија, а за сите нив беше организиран превоз од центарот на градот до Големо Брдо.
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, го посети местото каде што се садеа новите 200.000 дрвја и нагласи дека со ова навистина ја посадуваме својата и иднината на нашите деца.
Својата иднина ја засади и градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов, којшто изјави дека ги организирал и вработените во општината денеска да се вклучат во акцијата за посадување дрвја.
Инаку, годинава акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ се одржува по дванаесетти пат. Се посадија 5 милиони садници на површина од 1.150 хектари низ цела Македонија.
Елена Данова