ОО ЦРВЕН КРСТ НЕГОТИНО УТРЕ И ВО ПЕТОК ОРГАНИЗИРА ДОБРОВОЛНИ КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ ВО НЕГТИНО И ДЕМИР КАПИЈА
Општинската организација на Црвениот Крст од Неготино заедно во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, утре и во петок ќе организираат редовни крводарителски акции. Акциите ќе се одржат утре 17 декември четврток во салата на општина Неготино од 9 до 15 часот, и во петок 18 декември во просториите на ООУ „ Димката Ангелов Габерот “ во Демир Капија од 9 до 14 часот. Затоа се молат граѓаните, работниците, учениците од општина Неготино да ја изразат својата хуманост и солидарност со доброволно дарување на својата крв за да се спаси нечиј живот. Крвта е незаменлив лек кој не се знае кому и кога некому ќе му затреба. Дарувајте крв денес затоа што утре можеби и вам ќе ви е потребна.