ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ООУ „ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ ОД НЕГОТИНО ГИ ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИТЕ ДЕНОВИ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

ООУ „ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ ОД НЕГОТИНО ГИ ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИТЕ ДЕНОВИ НА ФРАНКОФОНИЈАТА


Додадено на 08-04-2015 во НЕГОТИНО

Со натпревар во трчање насловен како „ Трка за франкофонијата “ ООУ „ Гоце Делчев од Неготино ги одбележа светските денови на Франкофонијата. Во трката учество земаа сите ученици од прво до петто одделение кои се вклучени во проектот „ Сензибилизација на францускиот јазик “. Од сите учесници на трката најсреќни беа пет момчиња и пет девојчиња. Под менторство на наставничката Валентина Ѓорчева, од  прво одделение првото место му припадна на Немања Стојановиќ, а во женска конкуренција првото место и припадна на Зорица Мирчева. Од второ одделение под менторство на наставничката Лидија Јанева првото место во машка конкуренција го освои Иван Јовановски, а во женска Кристина Крстева. Од трето одделение најсреќен во машка конкуренција беше Јован Марков, а во женска конкуренција најсречна беше Симона Димова секако под менторство на наставничката Ѓурѓа Лазарова. Од четврто одделение најбрз беше Илија Апостоловски, а во женска конкуренција Благица Наумовска, под менторство на нставник Андријана Арсова. И од петто одделение најбрз во машка конкуренција беше Здравче Јованов, а во женска конкуренција Тијана Стојанова под менторство на наставник Орце Стојанов. За најсреќните учесници на трката следуваа и пофалници, а во рамки на истата учество земаа и родители и наставници на учениците. Од родителите првото место на трката и припадна на Костадинка Пановска, а од наставничките првото место и припадна на Лидија Јанева.

Инаку, светските денови на франкофонијата се одбележуваат во многу држави во светот. Франкофонијата претставува светска заедница на ентитети кои ја негуваат француската култура, односно го зборуваат францускиот јазик и ги обединува сите луѓе кои го употребуваат овој јазик во меѓусебната комуникација.