ООУ СТРАШО ПИНЏУР- ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА
Во саботата 12 декември во Виница во организација на Републичкиот Совет за противпожарна заштита се одржа 31 Државен квиз натпревар од областа на противпожарната заштита. На овој државен натпревар учество зема екипата на ООУ „ Страшо Пинџур “ од Неготино која беше победник на регионалниот квиз натпревар кој во месец ноември се одржа во Кавадарци, а на овој државен натпревар во категоријата кадети неготинската екипа го освои првото место. Кристина Ристова, Пане Андов и Цветанка Пасинечка предводени од менторот наставничаката Магдалена Ристова се вратија назад освојувајќи златен пехар.
По тој повод тие денеска беа на свечен прием кај директорот на училиштето Љупчо Давчев каде беа присутни и претседателот и секретарот на општинскиот противпожарен сојуз на Неготно, Бранко Вељанов и Илија Илиев на кој му ги пренесоа импресиите од натпреварот, а директорот на училштето им посака уште многу вакви успеси кои се од огромно значење како за самите ученици така и за училиштето.