Општина Кавадарци ја осуди блокадата на општинската зграда
Општина Кавадарци-Локална самоуправа нај остро го осудува денешниот беспримерен чин на блокирање на главниот влез на општинската зграда од страна на четириесеттина приврзаници на СДСМ и неколкумината од потесното раководство.
Со овој беспримерен чин на практикување на улична демократија СДСМ директно атакуваше врз основните демократски слободи и права на граѓаните, пред се правото на слободно и непречено двожење, како и правото на извршување на работните задачи.
Општината ниту во еден моменти не помисли да го сопре правото на опозицијата да изрази револт кон нешто за што таа смета дека е неприфатливо за нивните мерила и стандарди, почитувајќи го тоа како демоктратско право на поединец или група.
Но заради објективност кон граѓаните и јавноста: Информира дека во одредени моменти за време на протестот демонстрантите целосно ја блокираа влезната врата и воопшто не реагираа на обидите и апелите на собраниското обезбедување од внатре истата да биде отворена, а граѓаните кои сакаа да влезат вербално беа одвраќани од страна на активитите на опозицијата.
Како и на кој начин опозиционата СДСМ ќе го изразува својот протесте е нивна рабоата за која најверојатно однапред ги имаат пресметано последиците и реакциите од граѓаните.
Но во случајот општината Кавадарци реагира на нивниот непромислен и нималку демократски чин во кој еден час граѓаните и вработените во Локалната самоуправа и подрачните министерства, буквално беа заложници на протестот.
Да се протестира е едно, но да се блокира легална институција во нејзиното работење, а притоа злонамерно да се узурпира слободата на движење на граѓаните со притисок и ширење страв кон нив и вработените, од страна на мала група самонаречени демократи, Е тоа е нешто што го умее само СДСМ .
Општина Кавадарци
Локална Самоуправа