ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ОПШТИНА НЕГОТИНО ПРОДАВА 6 ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ЗА ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ

ОПШТИНА НЕГОТИНО ПРОДАВА 6 ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ЗА ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ


Додадено на 18-07-2016 во НЕГОТИНО

Општина Неготино објави на продажба шест градежни парцели во три урбани заедници во КО Неготино за изградба на објекти за индивидуално домување. Парцелите се со различни големина и се движат од 370 до 1247 м2, а се во рамки на објавата за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Почетната цена за еден метар квадратен за сите 6 градежни парцели изнесува 373 денари.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите физички лица државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија, државјани на држави кои не се членки на Европската унија, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, како и правни лица домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистар на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и држави кои не се членки на Европската, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

Пријавите за учество на јавно наддавање заинтересираните можат да ги достават најдоца до 29 овој месец, а јавното наддавање ќе се одржи на 03 август електронски на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk со почеток од 10,00, 11,00 и 12,00 часот. Јавното наддавање ќе трае по 15 минути за сите парцели, а заинтересираните подетални информации можат да најдат на официјалната веб-страница на општина Неготино.