ОПШТИНА НЕГОТИНО ПРОДАВА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РМ
Општина Неготино продава градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на винарии, објекти за индивидуално домување, фотоволтаични централи и парцела за изградба на капацитет од Г2-лесна и незагадувачка индустрија, парцели кои се лоцирани на територијата на неготинска општина. Имено, во реонот на село Курија на продажба се понудени 4 градежни парцели со површина од 1.490 до 3.490 метри квадратни и почетна цена од 61 денар за квадрат за изградба на винарии, 4 градежни парцели за изградба на објекти за индивидуално домување со површина од 374 до 509 метри квадратни и почетна цена од 373 денари за квадрат, како и 4 градежни парцели за комунална супраструктура-изградба на сончеви фотоволтаични централи со површина од 1.971 до 2.391 метар квадратен и почетна цена од 150 денари за квадрат. Исто така, општина Неготино бјави продажба и на една градежна парцела со површина од 1.698 метри квадратни и почетна цена од 61 денар за квадрат во Индустриската зона Урбан блок 1 во Неготино со намена за изградба на капацитет од Г2 –лесна и незагадувачка индустрија. Сите заинтересирани правни и физички лица за јавното наддавање се информираат дека пријавите за парцелите за индивидуално домување можат да се достават до 04-ти февруари, а за парцелите за винарии, фотоволтаични централи и капацитет од лесна и незагадувачка индустрија до 15-ти февруари. Јавното наддавање по електронски пат за парцелите за индивидуално домување ќе започне на 08-ми февруари во 10 часот, додека за парцелите за винарии, фотоволтаични централи и капацитет од лесна и незагадувачка индустрија ќе се одржи на 18-ти февруари со почеток од 09, 10,00 и 11,00 часот.