ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ОПШТИНА НЕГОТИНО ПРОДАВА ПАРЦЕЛИ ЗА ИЗГРАДБА НА ВИНАРНИЦИ И ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ

ОПШТИНА НЕГОТИНО ПРОДАВА ПАРЦЕЛИ ЗА ИЗГРАДБА НА ВИНАРНИЦИ И ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ


Додадено на 16-02-2015 во НЕГОТИНО

Општина Неготино објави оглас за отуѓување на неизградено градежно земјиште сосптвеност на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање кое ќе се одржи на 23 март 2015 година на интернет страната на градежно земјиште. Електронското јавно наддавање ќе биде  со почеток од 09 и од 10 часот и истото ќе трае по 15 минути за сите парцели.

 

 На продажба се понудени 7 градежни парцели од кои 5 градежни парцели вон населено место за изградба на винарии во КО Курија согласно урбанистичкиот план усвоен од општинскиот Совет со намена Г-2- лесна индустрија. Парцелите се со различни површини кои се движат од 1.490 м2 до 7.020 метри квадратни со утврдена почетна цена на наддавањето од 61 денар за метар квадратен.  Покрај овие 5 парцели, огласени се и 2 парцели за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Парцелите се движат со површина од 534 и 352 метри квадратни. Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни и физички лица, а заинтересираните може да поднесат пријава за учество најавното наддавање по електронски пат, преку информацискиот систем кој е поставен на интернет страницата на градежно земјиште. Заинтересираните правнии физички лица пријавите за учество на јавното наддавање ќе може да ги достават најдоцна до 19 март електронски на интернет страната на градежно земјиште, а за подетални информации околу објавата за продажба на градежното земјиште можат да најдат на официјалната веб-страница на Општина Неготино.