ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ОПШТИНА НЕГОТИНО ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

ОПШТИНА НЕГОТИНО ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ


Додадено на 23-03-2016 во НЕГОТИНО

Театарските комедии “Женидба” и “Чорбаџи Теодос” годинава ќе бидат одиграни во чест на прославата на Денот на театарот 27 март, кој се одбележува насекаде во светот, а на истиот ќе се приклучи и општина Неготино.

 Урнебесната комедија “Женидба” работена на текст на Николај Васиљевич Гогољ во режија на Драган Велјановски во изведба на театарот при Домот на културата “Иван Мазов Климе” Кавадарци ќе се одигра денес во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино . Претставата ја игра театарска група од 15-тина актери и успешно е одиграна на 15 пати на матичната сцена,а гостуваше и во други градови низ Македонија.

Втората театарска претстава со која ќе биде одбележан Денот на театарот е  комедијата “Чорбаџи Теодос” во изведба на театарот при Домот на културата „ Мирка Гинова “ од Демир Капија, а на неготинската сцена во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе се најде утре, 24 март (четврток) со почеток од 19.30 ч. Култниот текст за претставата е на македонскиот драматург Васил Иљоски, а режијата на Димче Бањански. Претставата ја игра 12-члената театарска група од овој театар. Двете театарски претстави се комплетно финансиски поддржани од Општина Неготино, а ќе бидат реализирани во соработка со Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ во Неготино.