ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПРВА ПОМОШ НЕГОТИНО
Во рамки на прославувањето на Меѓународниот ден на Црвениот Крст, 8 мај, вчера во манастирот Свети Ѓорѓи во Неготино во организација на Општинската организација на Црвен Крст Неготино се одржа општинскиот натпревар по прва помош. На овој натпревар учество земаа три екипи од категорија подмладок и тоа екипи од ООу „ Гоце Делчев “ Неготино, ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино и ООУ „ Димката Ангелов Габерот “ од Демир Капија.
Учениците практично укажуваа прва помош, односно интервенираа на повреди, а ги оценуваше стручна комисија составена од доктори волонтери. Како најдобри се покажаа учениците од ООУ „ Страшо Пинџур “ од Неготино, второто место му припадна на ООУ „ Гоце Делчев “ од Неготино, а трето пласирана беше екипата на ООУ „ Димката Ангелов Габерот “ од Демир Капија. Победничката екипа ќе ја претставува општина Неготино на државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи на 15 септември во општина Гази Баба, Скопје.