ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ, ЛАГ, ТИКВЕШКА ВИНСКА ДОЛИНА- ДЕМИР КАПИЈА

ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ, ЛАГ, ТИКВЕШКА ВИНСКА ДОЛИНА- ДЕМИР КАПИЈА


Додадено на 16-03-2016 во КАВАДАРЦИ

Вчер во просториите на Општина Кавадарци, со почеток во 10.00 часот”, Центарот за развој на Вардарски плански регион го оддржа Третото Основачко Собрание на Здружение за Рурален Развој - Локална Акциона група – Тиквешка Винска Долина, кои ги опфаќа териториите на Општина Кавадарци, Општина Неготино, Општина Росоман и Општина Демир Капија. Основачкото Собрание е дел од проектните активности на иницијативата: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристап во Вардарскиот плански регион”, кој што се одвива во рамки на Проектот на УСАИД за Експанзија на мали бизниси, и е финансиски поддржан од УСАИД и Карана Корпорејшен, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион.


На ова собрание, присуствуваа претставници од Центарот за развој на Вардарски плански регион, претставници од јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор од територијата на општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, како и надворешен експерт за регионален развој кој го предводеше Основачкото Собрание. Основачкото собрание се одвиваше по дневен ред кој што ги вклучуваше точките за избор на органи за работа на Основачкото Собрание, донесување на одлуки за основање на ова здружение, одлука за донесување и усвојување на Програма за работа на ЗРР – ЛАГ Тиквешка Винска Долина, одлука за донесување и усвојување на Статут на ЗРР – ЛАГ Тиквешка Винска Долина, како и донесување на Одлука за избор на органи на ова здружение, како што се: Управен Орган, Надзорен Орган и Претседател на Здружението за Рурален развој – ЛАГ Тиквешка Винска Долина. 


Во периодот што следува, се очекува Здружението за рурален развој – ЛАГ Тиквешка Винска Долина да се регистрира во Централен регистар со цел да можат да функционираат како поедничени правни лица, како и отворање на Канцеларија каде што ќе биде сместено Седиштето на ова Здружение за рурален развој – ЛАГ Тиквешка Винска Долина.