ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » Отворен ден во Основниот суд во Неготино

Отворен ден во Основниот суд во Неготино


Додадено на 25-10-2013 во НЕГОТИНО

 

 

По повод европскиот Ден на граѓанската правда Основниот суд во Неготино денеска беше отворен за сите странки коишто сакаат да го посетат, а поголемо внимание надлежните им посветија на средношколците од трета година од средното училиште „Св. Кирил и Мeтодиј“ Неготино коишто го следат предметот Вовед во право.

 

Претседателот на судот, Ацо Анѓелковски и другите вработени ги запознаа учениците со просториите на зградата на Основниот суд и со процесите кои се одвиваат таму. Средношколците исто така проследија и реален судски процес, со што одблизу се забознаа со начинот на однесување на правниците и судиите.

 

Инаку, Основниот суд во Неготино секоја година по повод Денот на граѓанското право организира отворен ден за сите заинтересирани посетители, а учениците од СОУ „Св. Кирил и Методиј“ редовно го посетуваат судот на овој европски празник.

 

Е.Д.