ОТВОРЕН ДЕН ЗА ПРВАЧИЊАТА ВО ДВЕТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО НЕГОТИНО
Изминатите денови во двете основни училишта во општина Неготино Гоце Делчев и Страшо Пинџур се одржа отворен ден за сите нови првачиња. Целта на овие отворени денови е новите првачиња и нивните родители да се запознаат со училиштето како и работата на училиштето. Заеднички со наставниот кадар учениците од ООУ „ Гоце Делчев “ кои го завршуваат прво одделение и следната година ќе се запишат во второ одделение на новите односно идни првачиња им презентираа се што учеле тие досега, а во активностите ги вклучија и новите првачиња.
Учениците од прво одделение во ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино пак на идните првачиња кои ќе се запишат во нивното училште, односно нивниот втор дом, им подготвија и кратка претстава со ликовите од бајките. Им го претставија училиштето но и се она што тие научиле. Новозапишаните првачиња во учебната 2016/2017 година со насмевки на лицата го истражуваа училиштето.
Инаку, уписите за учениците во прво одделение во ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино започнаа во мај, а истите траеја до вчера 31 мај. Во учебната 2016/2017 година се вршеше упис на деца ученици во прво одделение родени во 2010 година и во месец јануари 2011 година.