ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ- НЕГОТИНО 2016
И оваа година традиционално по петти пат општина Неготино заедно во соработка со Градскиот шаховски клуб „ Неготино “ го организираат „ Отвореното градско првенство во шах- Неготино 2016 “. Како и секоја така и оваа главен покровител на настанот е градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Првентсвото ќе започне на 20 мај петок со почеток од 17 часот, а ќе се одржува во Туристичко информативниот центар „ Желкова куќа “ во Неготино, на вториот кат.
И овогодинешното градско првенство во шах ќе го отвори градоначалникот Апостолов, а право на учество имаат сите заитересирани граѓани од општина Неготино. Како и минатите години така и оваа, организаторот обезбеди награди за најдобрите учесници, а наградниот фонд изнесува 17 000 денари. Пријавувањето за учество на овој турнир е во тек, а сите заитересирани граѓани можат да се пријават кај претседателот на градскиот шаховски клуб Неготино велемајсторот Трајче Недев на тел број 075/416-496, најдоцна до 20 мај, петок до 13 часот.