ПД АНТИГОНЕА НА 35 ТРАДИЦИОНАЛНО ИСКАЧУВАЊЕ НА ТИТОВ ВРВ
На покана од организаторот Планинарски Клуб „ Љуботен “ -Тетово, членови на СПАОК „ Антигонеа “ Неготино, викендот беа дел од 35 традиционално искачување на Титов врв. На ова искачување учество земаа 1000 планинари од Македонија и странство. Планинарите маршираа под мотото „ Да се искачиме на 2747 метри и да дадеме поддршка, Шара да се прогласи за национален парк“.
„ Планинарските друштва пристигнаа на Попова Шапка каде се одржа свечено отворање на манифестацијата со изложба на фотографии и презентација на туристичките потенцијали на Шарпланинскиот регион. Во недела наутро, долгата планинарска колона се упати кон Титов Врв, тргнувајќи од платото пред хотел „ Попова Шапка“. Пешачењето до највисокиот врв на Шара, по „Вакуфска патека“ ќе траеше 5 часа и беше проследено со еколошка акција за чистење на сметот долж планинарската патека до Титов Врв “ вели претседателот на друштвото Антигонеа Александар Гичовски.
На самиот врв планинарките и планинарите имале можност да учествуваат во една интересна фотографска акција. По кратката пауза, планинарите ии планинарките се вратиле на Попова Шапкаи добиле информации за придобивките од тоа Шар Планина да биде прогласена за национален парк и дале поддршка на оваа иницијатива Во досегашните искачувања на овој настан, вкупно се искачиле 21.700 планинари.
Инаку, планинарите на Антигонеа од Неготино во петок замину во Бугојоно, БИХ, на 19 Балкански планинарски средби. На овие балкански средби, Антигонеа ќе учествува по втор пат, а ќе учествуваат планинари од цел Балкан. Заедно со друштвото ,,Копривница"-Бугојно, минатата година СПАОК „ Антигонеа “ беше вклучено како рамноправен член во Балканскиот планинарски сојуз.