ПЕ НА МЗШВ НЕГОТИНО ВРШИ ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРОМЕНИ ВО ЕРЗС
Најдоцна до 15 март годинава, сите земјоделски производители од општина Неготино и Демир Капија направените промени во личните податоци ( адреса на живеење и трансакциска сметка ) и производствените капацитети ( промена на сопственост на нива, искпачување, подигнување на нов насад ) треба задолжително да ги пријават во неготинска подрачна единица.
Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство-Неготино Златко Пенков информира дека сите промени земјоделците треба да ги пријават до 15 март како истите би ги внесиле во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Неготино ги информираат сите земјоделци дека е започнато издавањето на евидентни листови за производство на тутун за 2016 година. Сите подетални информации земјоделците од двете општини може да ги добијат директно во просториите на подрачната единица во Неготино кај секој работен ден од 8,30 до 16, 30 часот.