ПОЧЕТНА » МУЗИКА » Песната која ќе не претставува на евровизија ќе претрпи измени

Песната која ќе не претставува на евровизија ќе претрпи измени


Додадено на 01-03-2013 во МУЗИКА

Песната која Македонија ќе ја претставува на  Евросонг оваа година ќе претпри измени и доработка во однос на текстот и аранжманот, одлучи денеска Македонската Радио Телевизија заедно со евровизиските претставници.

„Оваа одлука дојде како резултат на јасно изнесените ставови и конструктивните сугестии од стручната јавност и од македонскиот аудиториум. Македонската Телевизија како јавен сервис на граѓаните на Македонија ја почитува желбата на мнозинството кои го кажаа својот став во однос на песната.

Сакаме да напоменеме дека овие чекори се дел од регуларната и редовната процедура и дека ќе направиме се да имаме впечатлив, квалитетен евровизиски проект.

Како носител на лиценцата за евровискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и за промена на комплетниот евровизиски пакет, се до крајниот термин, 18 март оваа година, кога истиот треба да се предаде на ЕБУ.

Уште еднаш напоменуваме, дека МРТ и оваа година дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализација на видео записот на песната, но сметаме дека видео записот направен од Егизт Б Продукацијата не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од истиот. МРТ ниту го постирала, ниту го отстранила видео записот од интерент, туку изјавуваме дека целосно се оградуваме од истиот.

МРТ се  оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста за инволвираноста на јавниот сервис во идејното решение и реалзција на видео записот и сериозно размислува за отпочнување на постапка за заштита на интерсите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис.

Овие чекори се иницирани за подобро претставување на Македонија пред светската музичка јавност“, се вели во соопштението на МРТ.