ПОЧЕТНА » СПОРТ » ПЕТ МЕДАЛИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДВЕТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА КОЕ СЕ ОДРЖА ВО ШТИП

ПЕТ МЕДАЛИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДВЕТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА КОЕ СЕ ОДРЖА ВО ШТИП


Додадено на 16-02-2015 во СПОРТ

Два бронзени, два сребрени и еден златен медал за учениците од двете основни училишта во општина Неготино на Државното првенство во борење за основни училишта, кое во петокот на 13 февруари се одржа во спорстаката сала на ОУ „ Тошо Арсов “ во Штип. Околу 100 ученици од повеќе училишта од државата зема учество на ова државно првенство кое беше во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија заедно во соработка со Боречката федерација на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Штип, а се натпреваруваа во 10 категории. Право на учество имаа ученици родени 1999 година и помлади од 6 до 9 одделение и ученици во основно училиште.

Општина Неготино ја претставија 10 ученика од двете основни училишта, од кои петмина освоија медали. Првото место го освои Роберт Костовски во категорија до 59 кг. Второ место или сребрен медал освоија Усеин Мечов во категорија до 73 кг. и Филип Бамбур во категоријата до 66 кг. Трето место односно бронзени медали освоија Андон Марковски во категорија до 53 кг и Андреј Христов категорија до 85 кг. инаку сите овие ученици од двете училишта се членови на БК „ Неготино “ од Неготино. Не смееме да заборавиме  да не ги споменеме и останатите ученици инаку почетници кои исто така учествуваа со по една борба на ова државно првенство и оставија забележителен настап: Стојанче Ѓорѓиев, Васко Христов, Горан Додев, Диме Василев и Петков Ќире.

 Инаку, овие 10 ученици од ООУ „ Гоце Делчев “ и ООУ „ Страшо Пинџур “ се членови на БК „ Неготино “, а на првенството настапија под менторство на тренерот Јане Мелов и професорите по физичка култура од двете училишта. Покрај петте медали, тие го освоија и третото место во екипна конкуренција, додека второто место му припадна на учениците-борачи од Скопје а првото место за борачите од Штип.